Алијансата на Албанците утре ќе го прогласи „разводот“ со Алтернатива

„Алијансата на Албанците утре и официјално ќе ги раздели своите патишта со Алтернатива, откако оваа стана дел на Владата.“ – јавија медиумите на албански јазик во Македонија.



Информативната агенција ИНА и весникот на албански јазик „Лајм“ пишуваат: „Првично Алијансата ќе оформи своја парламентарна група без Алтернатива, отстранувајќи го досегашниот шеф на заедничката парламентарна група Скендер Реџепи – Зејд.“

„Алијансата ќе има 8 пратеници без Алтернатива. Додека Алтернатива со своите 4 пратеници му се придружува на парламентарното мнозинство. Овие две партии стапија во коалиција пред ланските парламентарни избори. Тие се заложија за продолжување на содејствувањето до следните парламентарни избори,но тоа не се случи. Сега се разделуваат.“

„Новото парламентарно мнозинство тврди дека сега има 64 пратеници.“