Неовообичаено доцна, на само час и половина пред терминот предвиден за одигрување на средбата, одложен е мечот од Примера меѓу Барселона и Лас Палмас. Играчите веќе беа пристигнати на терен и наскоро ќе започнуваа со загревање, кога стаса одлуката за одложување на натпреварот кој требаше да се игра во средиштето на немирите кои денеска се случуваат во Каталонија каде жителите гласаат за независност.



Одлуката е заедничка, на Барселона и Шпанската фудбалска федерација, и е донесена по пресметаниот сигурносен ризик, а што се однесува до Каталонската фудбалска федерација, таа и претходно ги имаше одложено сите средби и активности предвидени за денеска.