Алтернатива да стане дел од пропадната Влада или да ја урне од опозиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека партиските структури на Алтернатива на Гаши се пред два предизвика. Првиот е да се биде дел од најкорумпираната, најкриминалната и најнеспособната Влада во овие 30 години, а вториот е да се остане во опозиција и да дојде до брзи парламентарни избори.



Според него, парламентарните избори се неизбежни, а ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирано на нивно што поскоро одржување.

Тој најави структурни промени на партискиот конгрес што ќе се одржи на 12 декември.