Садики за БТВ: Ќе има големи последици, ако не се расветли вистината за трагедијата во Бугарија!

„Во изјава за бугарската телевизија БТВ Азем Садики, градоначалник на Студеничани, побара да се расветли вистината за оваа трагедија со 45 – те загинати во автобуската несреќа во Бугарија, поради сомнежите кои се појавија во јавноста, со цел, како што рече, вакви трагични случаи да не да се повторат.“ – објави телевизијата на албански јазик ‘Клан – Македонија.“



„Клан – Македонија“ ги пренесе зборовите на Садики од изјавата за БТВ:
„Ќе има големи последици, ако не се реши оваа трагедија до крај. Луѓето веќе не веруваат во владеење на правната држава, во институциите. Се надеваме дека и Бугарија, како земја – членка на ЕУ, ќе го истражи случајот правично. Ова е е барање на семејствата и од нас, како Општина Студеничани: сакаме да ја дознаеме вистината.“