Уште седум жртви на коронавирусот, нови 342 случаи

Во последните 24 часа, регистрирани се 342 нови случаи на ковид 19 од направени 2.349 тестирања, информира Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа починале седум лица. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.



Од 324 нови случаи, од Скопје се 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по еден случај.