Втора сабота по ред, дел од клучните патишта и автопати во Србија ќе бидат блокирани од оние кои се незадоволни од начинот на кој државата ги решава еколошките проблеми.
Иницијативата „Тргни-промени“ и движењата собрани околу Еколошкото востание за денес во 14 часот најави блокада на патишта и мостови на десетина локации во Белград и во повеќе од 50 градови во Србија.
Саво Манојловиќ од организацијата „Тргни-промени“ најави дека на денешните протести во Белград граѓаните исклучиво пешки ќе го блокираат сообраќајот, и да нема да се користат автомобилите како во останатиот дел од државата.
Покрај Белград блокади се најавени и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар или во околу 50 градови во Србија. Блокада ќе се организираат и во Шабац, каде пред седум дена се случи инцидент на протест кога багер тргна кон граѓаните кои го блокираа сообраќајот.
Протестите се организираат со барање за ослободување на сите уапсени во претходните протести, повлекување на Законот за експропријација и измени на Законот за референдум и народната иницијатива.
За оваа сабота е најавена сообраќајна блокада која ќе трае повеќе од еден час, а министерот за полиција Александар Вулин ѝ дал дозвола на полицијата да „употреби сила“, додека челниците на протестите порачаа дека нема да отстапат од јасните барања.







