При изградбата на АМ „Струма“ кај селото Бошнек, каде загинаа 44 лица, има систематско непочитување на законите и правилата, вели екологот Андреј Ковачев од здружението „Балкани“.



„Ова не е автопат, ова е магистрален пат од прва класа, бидејќи во минатото не се вршеа процедури поради одредени интереси. А сега поради такви клиентелистички интереси ова се прави во Кресненската Клисура“, вели екологистот за Њуз.бг.

Агенцијата потсетува дека дека државата одлучила патниот правец „Струма“ да го гради во месноста на Кресненската Клисура во хибридна верзија – патот во правец на Софија да минува по старата траса, а коловозната лента во правец на Кулата надвор од кањонот.

Инаку, екологот вели дека на Бугарија ѝ се закануваат сериозни санкции од страна на Европската Унија доколку не се преземат мерки за настанатата еколошка штета поврзана со изградбата на патниот правец „Струма“ во областа на Кресненската Клисура.