Очаен квартал за странските инвестиции: Како ќе заврши годината?

Во текот на третиот квартал годинава, вкупните директни инвестиции во земјата се во вкупна сума од 38,6 милиони евра, пресмета Народната банка. Овој резултат е разочарувачки ако се спореди со скорот од претходниот квартал кога нето приливите како резултат на странски инвестиции беа 207,4 милиони евра анализира Фактор.мк.



Народната банка соопшти дека од почетокот на годината односно од јануари до септември годинава вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 285,6 милиони евра.

„Главно како резултат на реинвестираната добивка која изнесува 196,7 милиони евра и сопственичкиот капитал кој е 113,2 милиони евра, во услови на намалени нето-обврски врз основа на меѓукомпаниски долг за 24,3 милион евра, стои во анализата на НБРМ

Оваа година секако е подобра во однос на минатата година кога за време на целата година во земјава имаше приливи од странски капитал во вредност од 240 милиони евра. Минатата година беше пандемиска година, во која поради предизвиците од здравствен аспект настрада и економијата, а реалниот сектор се уште има потреба од фискален стимул за да издржи. Во вакви околности, сметаат аналитичарите, можеше да се поентира и дел од изгубеното да се компензира со поголеми приливи од странски инвестиции, особено што поради кризата имаше некои поместувања на пазарите и зголемување на атрактивноста на овој регион за западните инвеститори пренесува Фактор.мк.

Линк до целиот текст.