„Алтернатива е сè поблиску да одлучи дали да влезе во Владата. Возбудата расте. Цела недела секој ден се среќаваат Зоран Заев и Африм Гаши и по секоја средба соопштуваат дека Алтернатива е сè поблиску до одлуката. Што ли ќе правиме откако ќе ја донесе одлуката? Ќе ми фали оваа неизвесност, како што ми фали серија откако ќе ја изгледам последната епизода од последната сезона.



Ама, не е само до одлуката. Треба да се почека да видиме што ќе донесе спасувањето на евроинтегративните процеси и обединувањето на прогресот. Колку министри, колку директори, колку нови државни вработувања ќе донесе прогресот. Ете, нели, колегите дознаа дека Алтернатива би попуштила и би прифатила две, наместо три министерски места, ако им помине предлогот на едно од тие места да му се даде некоја формулација „за да добие на тежина“. Нешто слично како измислената функција на Артан Груби од ДУИ – прв вицепремиер.

На пример – ептен прв вицепремиер. Или алтернативен прв вицепремиер.

Ама па, тогаш ДУИ ќе се налути, па ќе мора Заев да се среќава и со Али Ахмети. И ќе влеземе во нова фаза на обединување на прогресот, па ќе чекаме ДУИ да се приближува кон одлуката дали да остане во Владата.

Додека не се постигне трипартитен компромис, функцијата на алтернативниот Артан Груби да се вика „втор вицепремиер, ама ист како првиот“.

Од колумната на новинарот Горан Михајловски во „Сакам Да Кажам