Автомобил ноќва по полноќ влетал во градската пивница „Паб“ во центарот на Велес, а една жена е полесно повредена.
„Вакво нешто немам видено досега. Седевме во пабот, се беше мирно и одеднаш залетан автомобил влезе во кафулето. Го искрши инвентарот кој стоеше надвор, а една жена заврши со лесна повреда, но не е страшно. Другите сме добри“ – рече за ММС.мк сведок на настанот.

Од МВР денеска ќе соопштат детали како од главната улица автомобилот свртел лево и удрил во излогот на пабот.







