Заев се смее додека тукушто пристигнуваат посмртните останки на 45. загинати!

Информативниот портал на албански јазик „Без цензура“ објавува скандалозна вест за бесчувствителното и срамно однесување на македонскиот премиер во оставка Зоран Заев при денешната церемонија на пристигањето на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

„Без цензура“ пишува:
„Видеото е снимено денеска додека се носат посмртните останки на жртвите од несреќата во Бугарија и на таа снимка се гледа како Зоран Заев се смее токму во тие моменти!“

„Ова е многу срамен и неодговорен чин на премиерот во оставка да биде насмеан за време на погребна церемонија со биланс на мртви небаре е од војна како оваа церемонија денес!“