„Алијансата на Албанците денес реагираше во врска со церемонијата на приемот на посмртните останки на жртвите на трагедијата во Бугарија. Од оваа албанска опозициска партија велат: ‘Молитви за жртвите, сочувства за семејствата, срам за луѓето од власта.“ – пренесуваат ТВ 21 и информативната агенција на албански јазик ИНА.
Овие медиуми го пренесуваат реагирањето на Алијансата на Албанците во целина:
„Денес кога во вечниот дом беа испратени 45 – те жртви на трагедијата во Бугарија му се молиме на Бога да ги прими нивните души во својата милост и да им даде сила и трпение да членовите на нивните семејства, со кои сочувствуваме во нивната болка.
Изразуваме жалење поради начинот како оние, кои треба да понесат одговорност и да положат сметка, одлучија да ја продлабочат болката и да ја злоупотребат трагедијата со партиски и политички дефилирања.
Дрскоста на оваа власт, исто како и со трагедиите во Ласкарце, Тетово и многу други, изллезе на виделина и во овој болен случај. Членовите на семејствата, на кои им изгореа душите, имаат потреба за вистина и правда, а не за претстави и дефилеа на министри, на премиери и на лидери на партии, на кои не им е ни местото таму.“





