Централниот совет на Алтернатива на денешната седница треба да донесе одлука дали оваа партија ќе биде дел од Владата, најави вчера партискиот портпарол Орхан Муртезани, пренесува Алсат.
Средбата во партијата ќе почне во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово.
Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и за поддршка на нивните четворица пратеници.






