Радев: Македонија да покаже „европска зрелост“

Македонија треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на ЕУ така што ќе преземе конкретни активности за да го запре говорот на омраза кон Бугарија што го има во учебниците по историја, во државните и научните институции и во медиумите, да го запре фалсификувањата на бугарското културно-историско наследство и, особено, да ги почитува правата на своите граѓани што отворено изразуваат бугарски идентитет.



Бугарскиот претседател Румен Радев ова го изјави по средбата со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер во Стразбур, со кој меѓу другото разговарал и за европската перспектива на Македонија.

Барањата се дел од таканаречениот „Патоказ пет плус еден“, во кој се содржани шест барања што Софија ги упати кон Скопје и очекува одговор.

Од Министерството за надворешни работи сè уште не откриваат дали и кога ќе се одржи планираната средба на работните групи од двете министерства, која се најавува од октомври, но се одложи поради изборите во двете земји.

Според, вицепремиерот Артан Груби изјави дека преговорите ќе почнат најдоцна до март, а оптимизмот го темели на поседувањето информации и на „удобните одговори што Скопје ги подготвило за барањата од Софија“.