„Граѓаните револтирани од политичарите – наместо да ја расветлат трагедијата во Бугарија, зборуваат за влез во Владата

„На плоштадот ‘Скендербег’ во Скопје денеска граѓаните им оддадоа почит на жртвите на трагедијата во Бугарија.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.



„Лајм“ пишува: „Многумина од нив едвај ги задржуваа своите солзи, искажувајќи ја болката, што ја чувствуваа за луѓето, кои ги загубија своите животи во трагичната несреќа. Некои од интервјуираните го изразија и својот рволт, поради немањето одговорност и поради начинот на однесување на политичарите, кои, според нив, се преокупирани со влегувањето на партиите во Владата, наместо да се позанимаваат со расветлувањето на случајот.“

„Ниту во 2001 година немавме толку жртви, а овие, политичариве, ни кажуваат кој ќе влезе во Владата’ – вели еден граѓанин пред камерата на весникот ‘Лајм’, револтиран поради однесувањето на политичарите.“