Радев и пред Макрон зборувал за бугарските очекувања од Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за европската перспектива на Македонија.



По телефонскиот разговор на оваа тема со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен и денешната средба со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, на која исто така, се разговарало за нашата земја, Радев попладне во Стразбур имаше средба и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што јавуваат бугарските медиуми, меѓу главните точки на состанокот со Макрон биле билатералните односи меѓу двете земји, влезот на Бугарија во Шенген-зоната, како и европската перспектива на Македонија.

Радев, во разговорот со Макрон, слично како претходно на средбата со Штајнмаер, рекол дека Бугарија очекува конкретни и неповратни резултати во билатералниот дијалог со Република Македонија, кои ќе ги гарантираат европските вредности во однос на почитувањето на човековите права и прекинот на говорот на омраза, како и заштитата на бугарската културно-историско наследство во земјата.