Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во земјава, порачува дека треба прво да се формира влада во Бугарија, за да се дојде до решение за разликите меѓу Бугарија и с.Македонија.
Вели дека разговорите продолжуваат доверливо меѓу двете министерства за надворешни работи и дека никогаш не запреле.
„Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така што, се надевам дека прво ќе избереме влада за да може да се дојде до решение, рече Ангелов, на новинарско прашање за надминување на билатералниот спор и за тоа дали бугарската страна ќе има нов пристап во разговорите.
Запрашан за 16-те пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување на правата за здружувањето на македонското малцинство во Бугарија и негово негирање, Ангелов вели:
„ Бугарија во Уставот како и Франција не признава малцинства, сите граѓани се еднакви пред законот, односно не признаваме колективни права, секој има индивидуални права да се чувствува како што сака и ние тоа не меже да го забрзаниме, ниту правото да се здружува. Тука има уште една неоснована теза дека ние никогаш не сме претендирале дека има бугарско малцинство во Република Северна Македонија, рече амбасадорот Ангелов. ТВ21







