Доколку Албанија напредува побрзо во своите европски интеграции од Република Северна Македонија, тоа би можело да ја радикализира албанската заедница и да го загрози територијалниот интегритет на РСМ, цитираат бугарски медиуми делови од колумната на професор Денко Малески, за Плусинфо.



Тој истакна дека проблемот во односите со Бугарија е многу покомплициран од спорот со Грција.

„Опозицијата која никогаш не ја призна вината за нерешавањето на македонско-грчкиот спор – услов за членство во НАТО, сега вели дека со членството во НАТО нашата земја веќе нема безбедносни проблеми. Опозицијата вели дека изјавата на владин функционер дека членството во ЕУ е прашање на безбедност е измислица за да се оправда брзата капитулација во спорот со Бугарија“ пишува Малески.

Прашањето со Бугарија е многу покомплицирано отколку со Грција и никој, не дури и опозицијата.“ нема да може да се огради од решавање.

„Ваквиот развој на настаните, во кој Македонија мирува, во иднина може да ја радикализира втората по големина етничка заедница во корист на повторно обединување со Албанија, поуспешната од двете земји. Сценаријата што ќе следат ја загрозуваат не само безбедноста на РС Македонија , но и нејзиниот територијален интегритет“

Малески заклучува дека НАТО не може да помогне ако една земја пропадне одвнатре поради нејзините погрешни политики, пренесува „Њуз.бг