„Омер Ајдини од Алијансата за Албанците реагираше во врска со изјавата на Ејуп Рустеми, директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, дека работите на автопатот Скопје-Блаце доцнат, поради некои непредвидени работи.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“, пренесувајќи ја објавата на Омер Ајдини, претседателот на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците, во својата информација со наслов „Ајдини: Ејуп Рустеми, неуспешниот човек од ДУИ, порано со Поштата, а сега со автопатот Скопје – Блаце“.
„Ин7“ пренесува: „Ајдини пишува дека Рустеми потфрлил и како директор на Поштата, предизвикувајќи и големи загуби, велејќи: ‘Ејуп Рустеми беше генерален директор на Македонски пошти во минатиот мандат. Тој стана генерален директор без ниту еден ден професионално раководно искуство ниту во Поштата, ниту во приватниот сектор. Како последица на тоа ,тој ја доведе Поштата до загуба од 2,7 милиони евра, иако таа имаше приход од околу 18 милиони евра в 2018 година.“
„Денеска Поштата мора да се приватизира бидејќи типови како овој човек ја однесоа во бездна, лошо раководејќи со неа! Затоа и проектот за патот Скопје – Блаце се соочува со ‘неочекувани ситуации’ и со неуспеси, бидејќи типовите од ДУИ како овој човек знаат само да потфрлуваат и да крадат, ништо друго. Доста веќе!’ – нагласува Омер Ајдини.“





