Боцевски: „северна“ беше додадена брутално – името Македонија ќе се врати

„Аналитичарот Ивица Боцевски во дебатниот магазин ‘КликПлус’ на ТВ21 посочи дека придавката ‘северна’ била додадена преку брутален процес. Тој додаде дека ќе се врати старото име на државата.“ – објави ТВ 21 во својата вест со наслов „Боцевски: Придавката ‘северна’ беше додадена низ брутален процес, но името Македонија ќе биде вратено“.



Инаку, еве ја исцело изјавата на оваа тема на Ивица Боцевски, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и досегашен амбасадор на Република Македонија во Бразил, во овој дебатен телевизиски магазин:
„Придавката ‘северна“ беше додадена низ брутален процес, кој што ги наруши сите цивилизациски норми, кој што беше невиден варваризам и кој што претставуваше невидена бламажа за сите нас, она гласање кога тоа име се воведе. За разлика од тоа, враќањето на името Македонија ќе биде на начин, кој што ќе се одвива преку две компоненти: едната компонента е правото, а втората компонента е културата. Тоа не е процес, што ќе се случи преку ноќ, но ќе дојде до него.“

Врска на „Јутуб“ на изјавата на Боцевски за „КликПлус“ за ТВ 21: