Само две земји во Европа се во полоша состојба од Македонија според процентот од населението што се соочува со недостиг од храна, покажуваат податоците на Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) за 2020 година!
Македонија има 22,7 проценти неухранети граѓани, наспроти неславниот лидер Албанија со 42,6 отсто и второпласираната Молдавија со 31,7 отсто.
Во слична положба со Македонија во овој поглед е житницата на некогашниот Советски сојуз, Украина, со 22,4 отсто.
Од земјите во опкружувањето најдобро стои Словенија со 8,7 проценти жители што немаат доволно храна, па Босна и Херцеговина со 12 отсто, Хрватска со 12,3 отсто, а во Србија тој процент е 14,6.
Швајцарија е убедливо прва на стариот континент со помалку од 2,5 проценти неухранети граѓани, а европскиот просек е 9,4 отсто.






