Средбата Заев-Гаши заврши „со напредок“

Заврши уште една средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ во оставка Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши околу влегувањето на оваа партија во владата.



„Имаме напредок во преговорите, следуваат консултации во нашите партии, ќе има известување од партиите, изјави кратко Гаши по средбата, а објави ТВ21.

Заев и Гаши и вчера разговараа повеќе од четири часа, по што беше соопштено дека двете партии имаат начелна согласност околу правецот и концептот според кој треба да се води државата. На дневен ред сега се преговорите околу кадровските импликации на евентуалното учество на Алтернатива во власта.