„Во дебатната емисија на ТВ Шења новинарот Насер Пајазити рече дека Алтернатива е независен политички субјект, кој сам одлучува, но напомнувајќи дека таа направила промена во своите ставови за 360 степени со разговорите за да влезе во Владата.’Тоа е многу парадоксална одлука. Гледаме дека јавното мислење тешко го прифаќа овој пристап на Алтернатива, за да влезе во Владата. Но, од гледна точка на политичките игри ДУИ е победник во сите овие игри, бидејќи таму Алтернатива ја игра улогата на превентивен фактор, за да се одржи непроменета состојбата.’ – истакна Пајазити.“ – информираше ТВ Шења.
На својата интернет – страница оваа телевизија на албански јазик напиша: „Пајазити кажа дека, според комбинаториките, произлегува оти СДСМ без пратениците на Беса има 43 пратеници, додека ВМРО ДПМНЕ има 44 пратеници. ‘Ако оди со Ковачевски, тогаш ќе биде тешко СДСМ да ја достигне бројката на 61 пратеници и да има мандат за формирање Влада’ – укажа Пајазити.“
„Според него, Алтернатива ќе ја има истата судбина како и Беса, наспроти ДУИ и СДСМ. ‘Ова е игра на премиерот: да имаме до 15.декември годинава ситуација, во која што ќе се види дали ќе добиеме датум за европреговорите. Исто така, Заев може да игра игра и за да бидат во состојба да одат на избори. Се зборува дека токму ДУИ ќе ја игра таа игра, за да се оди на избори.’ – кажа новинарот Насер Пајазити во оваа дебатна емисија.“ – објави ТВ Шења.





