Заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски денеска говореше за својата кандидатура за претседател на СДСМ. Тој порача дека Алтернатива ќе направи добар избор и ќе одговори позитивно, пренесе Фокус.
„Ние имаме одредба во која сите кандидати ќе го чуваат дигнитетот на членовите и партијата. Ќе се посветам на промоција на мојата програма и комуникација со членовите во партијата. Разговорите ќе продолжат денеска. Оптимист сум, рационален оптимист и работам на решенијата.
Длабоко верувам Алтернатива ќе стане дел од мнозинството, тоа ќе претставува стабилна влада“, истакна Ковачевски.
Денеска треба да се одржи уште една средба Заев-Гаши како дел од преговорите за влегување на Алтернатива во власта. Изјави не се предвидени…







