Ученик во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген, уби тројца соученици и рани уште осум лица пукајќи од полуавтоматско оружје.
15-годишното момче е приведено, соопшти полицијата.
Убиени се 16-годишно момче, 17-годишно девојче и 14-годишно девојче, изјави за новинарите на лице место заменик-шерифот Мајкл Мекејб, пренесува Ројтерс.
Потврдено е дека еден од ранетите е наставник во средното училиште Оксфорд, во градот Оксфорд, 65 километри северно од Детроит, објави Канцеларијата на шерифот на округот Окленд .







