Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, денеска остварил телефонски разговор со својот бугарски колега Румен Радев, во чиј фокус била и европската интеграција на Македонија.
Радев притоа ја потцртал позицијата на својата земја дека „продуктивниот двостран дијалог меѓу Софија и Скопје е незаменлив инструмент за надминување на спорните прашања во билатералните односи и Бугарија очекува конкретни резултати од него“, соопштија од прес-службата на шефот на бугарската држава.
Бан дер Белен изразил сочувство за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани.





