Автопатот „Струма“ имал мани, но тие не се причина за сообраќајната несреќата во која загинаа 45 луѓе, беше кажано на денешната прес-конференција на министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија Виолета Комитова.
Патот не бил ниту автопат, ниту магистрала, ограничувањето прво било 9о километри на час, потоа сменето во 120 на час, но Комитова вели дека брзината на оваа делница треба да е 90 километри на час.
Бугарските власти велат дека брзината не била причина за несреќата. Според Комитова пожарот е главна причина што има толку загинати. Таа вели дека не се знае како настанал пожарот. По несреќата бугарските обвинители наредија проверка на патот каде што се случи несреќата.






