Беса бара предвремени парламентарни избори

„Движењето Беса бара предвремени парламентарни избори. Ова барање го изнесе потпретседателот на оваа партија Абдуш Демири. Тој рече: ‘Евроинтеграциите како процес важен за Македонија ги поддржувавме уште и кога бевме во опозиција (исто така и во 2018 година Беса како опозициска партија гласаше за Преспанскиот договор и Македонија стана членка на НАТО).“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пишува: „Демири зборуваше за криминалот и корупцијата, како и за борбата против нив, нагласувајќи: ‘Оние што се лишени од власта ја користат сега таа власт, за да ги покријат криминалот и корупцијата. Да претставуваш бројки на една Влада, која половина од режимот од 2016 година го третира како ‘недопрен дијамант’, едноставно значи дека политички одржуваш во живот еден заштитник на корупцијата. Најдобро решение за да се расчистат сите дилеми се предвремените парламентарни избори.“