„Пашко Ујка (64), поранешниот градоначалник на Велипоја, Албанија, не можеше да ги преживее повредите и почина во болница откако вечерва беше застрелан со огнено оружје со придушувач во атентатот врз него блиску до Универзитетот ‘Луиѓ Гуракуќи’ во Скадар.“ – јави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Порталот дополнува: „Засега не се познати мотивите на настанот. Првите сомнежи говорат за претходни конфликти, кои можеби ги имал Ујка додека ја извршувал должноста градоначалник на Велипоја. Сепак, сè уште е рано да се донесуваат заклучоци.“





