Министерот за здравство Венко Филипче не е заинтересиран да биде лидер на СДСМ. Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да се кандидира за претседател на СДСМ.
– Немам таков интерес – кусо одговори Филипче.
Партиските органи на СДСМ во петокот ја прифатија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.
Од партијата информираа дека на седницата на Централниот одбор е донесена одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател. Новиот претседател ќе го бира 12 декември.
Постапката за кандидирање започна во саботата и ќе трае седум дена.





