„Пет дена по трагедијата, газдата на БЕСА Транс, Беким Хаџиу конечно излезе од дупка и преку ФБ изрази сочувство на семејствата на загинатите, а несреќата ја опиша како “тест на Алах”.
Не, дечко!“ му порача екс-пратеникот Павле Богоевски, на Фејсбук обраќањето на газдата на „Беса Транс“, кој пет дена по трагедијата им посака „Рај на починатите“ и им изрази сочуство на семејствата со порака дека несреќата во која изгореа 45 луѓе била „тест на Алах.
Богоевски, во коментарот уште вели дека „Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби . Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш “семејство”.
Подобро да останеше во дупката. Срамота“, се вели во статусот на пратеникот Богоевски.







