Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал оставката.
„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство да се влезе во Парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради која Алтернатива би влегла во влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговорите со ЕУ“, изјави Заев за Телма.





