Дополнителната, засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, кое го истакна во интервју за весниците на германската медиумска група „Функе“.
„Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година“, рече докторот.
Извор Опсервер






