„Внатре во редовите на Алтернатива се зголемуваат гласовите дека овој политички субјект прави фатална грешка со одлуката за учество во Владата. На оваа линија е и универзитетската професорка Ѓула Челику, која порано беше дури и поддржувач на Алтернатива.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“ во информацијата со наслов „Челику: Чесните луѓе се дистанцираат од Алтернатива, која го одбра личниот интерес“. Ѓула Челику е доктор по политички науки и меѓународни односи и професор на државниот Универзитет во Тетово.
Порталот ја пренесува објавата на Ѓула Челику: „Ситуацијата во Алтернатива ескалираше, бидејќи го поддржавме Билал Касами, лидерот на Беса во Тетово, но заради власт се здружија со Кастриот Реџепи, поранешниот пратеник на Беса. Како вие го дефинирате овој политички чекор?“
„Јас не можам да газам врз интересите на народот, но политичките партии не прашуваат за неговите интереси, туку прашуваат за сопствените интереси. Партиите газат врз нивните принципи, газат врз нивните изјави и врз самиот народ. Неисе, лош чекор. Чекор без етика. Чекор од интерес! Народот не пасе трева повеќе, а не е ниту овца. Дури и вие од оваа партија, на кои не ви се допаѓа нивниот чекор, слободно заминете си.“
„П.С. Самите рекоа дека ‘Билал немаше вина колку што имаше Кастриот.’ – напиша Ѓула Челику.“





