Блиската соработка и редовна комуникација меѓу бизнис секторот и Стопанската комора на Македонија е клучна во обезбедување што подобри услови за работа на компаниите, земајќи предвид дека Комората е гласноговорник на бизнис заедницата. Во таа насока, на средбата со претседателот на Комората Азески и делегацијата на СКМ која ја предводеше претседателот Азески, ги презентиравме нашите досегашни и тековни активности, но и идните планови кои вклучуваат сериозни инвестициски проекти, насочени пред сè кон енергетската и еколошката ефикасност, кои истовремено значат подобрување на процесните параметри и зголемување на нашата конкурентност, изјави Герасим Кујунџиев, прв генерален директор на Еуроникел индустри.
На средбата беа разменети мислења и за ставовите, кои се заеднички за бизнис опкружувањето, дека клучни услови за раст и развој на компаниите, за подобрување на целокупната економска слика во државата се едноставна и ефикасна администрација, институционална поддршка, стабилен правен и судски систем, напредна патна и енергетска инфраструктура и системски континуитет.
Претседателот Азески честитајќи му на менаџментот на Еуроникел за успешната работа и во услови на тешки кризи истакна дека металуршкиот комбинат како е 3-та на листата на топ 100 извозници во 2020-та година, со реализиран извоз од 182 милиони евра и остварени приходи од 188 милиони евра,… долгогодишна членка на Стопанската комора и се согласи со ставовите изнесени од г-динот Кујунџиев. При тоа, ја потенцира исклучително важната улога на Комората во поддршка на компаниите за постигнување на што повисок раст и профит и го убеди раководството на Еуроникел дека Комората е активно вклучена во процесите за изнаоѓање решенија за проблемите врзани со здравствената и енергетска криза.
„Мојата колумна од почетокот на октомври ја отвори дебатата за кризата за енергетскиот ресурс и од тој момент до денес Комората е активна во сите процеси каде се води акција за обезбедување електрична енергија за што пониски цени. Така ќе продолжиме и понатака. Истото можам да го кажам и за имунизацијата и сакам да Ве уверувам дека Комората е еден од учесниците во разговорите и нема да дозволи да проблемот со вакцинирањето ги загрози процесите на економско заздравување во наредниот период, барајќи заедно со Владата и синдикатите најоптимално решение да не запрат производствените процеси и извозот но и да не се загрозува здравјето на останатиот персонал“, рече Азески.






