Возовите и денеска надвор од колосек

Втор ден е во целосен прекин патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.



Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, изјави за МИА дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата.

Ова е втор прекин на на работата во Жеелзницата месецов. На 1 ноември имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември.