Екс директорка на НАЕОПМ: ЕУ може да ги врати визите за Македонија

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова предупредува дека ако владата ги скрие или фалсификува вистинските причини за трагедијата во која загинаа 45 луѓе го Бугарија може да се случи да се загуби можноста за безбизно патување во ЕУ.



“Заташкувањето на сообраќајката во Бугарија ќе има последици по сите нас, а не само по несреќните лица што загинаа и нивните семејства. Визната либерализација виси на конец! Отворен Балкан може да напредува!”, објави Димова која добро ги познава европските процедури и правила.

Димова не дава детално објаснување зошто може Македонија да го загуби безвизниот режим но фалсификувањето на лиценца за автобуси кое траело со години и нефункционалноста на системот на гранично управување кој што е еден од трите столба за воведување на безвизен режим може да бидат основа за враќање на ЕУ визите за Македонците.