„Алтернатива всушност ја спасува коалицијата СДСМ – ДУИ, која го нема потребното парламентарно мнозинство од 60 пратеници, а не дека таа има намера да помогне на земјата. Политичката доктрина на Алтернатива ја објави вистинскиот визионер на таа доктрина пратеникот Кастриот Р€Џ€ПИ и затоа е коректно тој да и биде и нејзин претседател.“ – вели Роберт Несими во својата колумна со наслов „Ако Алтернатива одлучи да влезе во Владата, тогаш нејзин претседател треба да биде Кастриот Р€Џ€ПИ“.
Колумната ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА. Несими го пишува презимето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи во форма „Р€Џ€ПИ“, користејќи го симболот на еврото „€“ наместо буквата „Е“, а неговото име на албански јазик „KA$TRIOT“, користејќи го симболот на доларот „$“, наместо буквата „С“. Со тоа авторот на колумната низ критичка иронија го изнесува својот став дека Реџепи се продал за девизи, а не дека не гласал за уривање на Владата од некои идеолошки причини.
Несими пишува: „Партијата Алтернатива одлучила да ги продолжи преговорите за свое вклучување во Владата, со претекст дека сака да и помогне на државата да излезе од политичкиот ќорсокак, додека, всушност, ја спасува коалицијата СДСМ – ДУИ, која нема 60 пратеници во Парламентот.“
„Пред две недели истиот аргумент го употреби и пратеникот Кастриот Р€Џ€ПИ. Значи, доктрината на Алтернатива ја објави пред нив Кастриот Р€Џ€ПИ. Произлегува дека вистинскиот визионер на оваа доктрина бил овој пратеник, кој го трасирал патот накаде да оди потоа Алтернатива.“
„Штом е визионер на оваа идеологија, во овие околности е повеќе од коректно Кастриот Р€Џ€ПИ да биде отсега натаму и формално претседател на Алтернатива, откако и самиот тој практично посведочи дека ги предводи процесите на оваа партија.“ – заклучува Несими.





