Сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација, тврди Себахтин Исмаил, превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „мерцедес“ пренесува „Плусинфо“.



„Овој автобус нема како да се запали. При инцидент, оваа инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи“.

При тоа, тој ја покажува противпоажрната инсталација во моторот, сигурносните излези внатре во автобусот, камерите и т.н. црна кутија, кои служат за препознавање на ознаките на патот, за електронско следење на автобусот и на сите параметри, како и за собирање податоци кои можат да се прегледаат во вакви ситуации.

„ Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време“ категоричен е Исмаил.