Шаќири ќе ја бара правдата на суд

Нора Шаќири која беше разрешена од директорското место во Театар Комедија, во изјава за „Фокус“ тврди дека денешното разрешување било изненадување за неа, со оглед на тоа што не направила ништо незаконски за време на нејзиното раководење со Театарот.



„Дисциплинска комисија поднесува пријава за вработен, техничко лице кој три дена не е дојден на работа, без претходна најава и без образложение. За да не добие отказ, добива 6 месеци по 30% од плата. Во меѓувреме, до Љупчо Николовски стигнува анонимна пријава за мобинг од друго лице, кое јас го знам, но не е важно неговото име. Како што знам, пријава прво се поднесува во институцијата, а такво нешто нема стигнато во Театар. За тоа дојде Трудов инспекторат, кој вон записникот јасно нагласи дека нема основа да изрече инсепкциска мерка, тврди Шаќири за „Фокус“.

Таа додава дека од трудовиот инспекторат навеле дека предметот ќе го пратат во ДКСК, а од таму досега до неа нема ништо пристигнато.

„Експресно сум разрешена. Инаку,во времето додека бев директор го вратив долгот на театарот од скоро 9.000.000 денари, потоа продолжи репертоарот, дадовме две премиери, трета на пат. Исто така, организиравме два фестивали и учествуваме на неколку други. Потпишав и Меморандум за соработка со еден од најголемите театри во Киев. Намерата е јасна и ова ќе добие и судска нота“ вели Шаќири.

Целиот текст на следниот линк:

Шаќири за „Фокус“: Намерата за разрешувањето е јасна, ќе се видиме на суд