Пановски: Филипче носи нелогични мерки кои ги делат граѓаните

Mеркитe на Владата претставени од министерот за здравство не личат на мерки за спречување на нов бран на корона, бидејќи оние кои ќе се вакцинарираат ќе имаат дури во февруари имунитет. Јас би донел поинакви мерки или би направил мерки веднаш и сега. Ова сега е еден вид кампања за поттикнување која требаше да ја има одамна, а сега личи на кампања за присилна вакцинација, рече доктор Никола Пановски, о емисијата Само вистина на Канал 5.



Пановски посочи дека мерки за стекнување на имунитет не може ги делат граѓаните.

-Зошто само за вработени во јавни установи, не може да се прават разлики за ова, рече Пановски.

Дека се нелогични Пановски објасни и со примери.

-Има човек кој пет пати дарувал крвна плазма има неколку илјади антитела и нема право на сертификат, кажа Пановски.

Според него вакцинацијата во Македонија генерално трае многу кратко.

-Ова што го прави Македонија го нема никаде, не може да се ограничуваат луѓе кои вистиснки прележале, имаат антитела, рече Пановски.