Петифер: Страшно. Се возев со овој автобус еднаш и никогаш повеќе

Британскиот професор и експерт за Балканот, Џејмс Петифер, се надоврза со лично искуство на реакциите за трагедијата со македонскиот автобус на автопатот во Бугарија, кој однесе 45 животи.



„Страшно. Се возев со овој автобус еднаш и никогаш повеќе. Возачот само возеше со часови и часови, далеку над законските ограничувања за одмор“, прокоментира на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ од Оксфорд.