Делницата на „Струма“ градена од Македонци но проектот е бугарски

Патни експерти од Ќустендил тврдат дека македонска компанија пред 20 години ја изградила делницата на автопатот „Струма“ во Бугарија, каде што вчера изгоре автобусот со македонски регистарски таблички, но проектот е на бугарска фирма, а Македонците биле само изведувачи, пренесе бугарската телевизија „Нова“.



Според нив изградбата на делницата на автопатот „Струма“ ѝ е доверена на македонска компанија по добиен тендер. Но, како што велат, комплицираната ситуација со одморалиштето со чешма од страничниот дел на патот била предвидена од бугарскиот проектант, а не од македонските изведувачи. „Тоа значи дека не е виновен изведувачот“, додаваат експертите.