Четириесет и пет лица изгореа во автобуска несреќа на автопатот Струма во вторникот вечерта. Меѓу жртвите има и 11 деца, а вкупниот број загинати се уште не е прецизиран, бидејќи не е целосно јасно колку луѓе патувале во автобусот во моментот на несреќата.



„Во оваа фаза е тешко да се каже која е причината за оваа трагедија, но најверојатно ќе излезе дека не е само една. Има повеќе причини“, вели Красимир Георгиев од Здружението за квалификација на возачи во Бугарија, пренесува Њуз.бг.

Според него, доколку на местото на несреќата имало чисто и правилно поставено ознаки за бугарски и европски стандарди со патокази за насочување, најверојатно возачот нема да згреши дека десната лента продолжува надесно.

Сериозен фактор е недостатокот на осветлување на автопатот – нашите патишта, вклучително и автопатите, се темни. Ова е национален проблем.

Според инж. Владимир Жијански, фактор за несреќата, како и за инцидентот кај Своге, е таканаречената „еластична ограда“. Тој нагласи дека треба да се изврши ревизија на целата патна мрежа.

Експертот за безбедност во патниот сообраќај Дијана Русинова поставува две прашања – зошто се проектирало какво било проширување во кривина на (автопатот) Струма и зошто синоќа биле вршени проверки во багажните простори на автобусите, а не претходно?

Сите државни институции излегоа и не убедуваа дека се е во ред. Не може цела држава да се впрегне да објаснува дека патиштата ни се во ред, тоа не може да го прави нормална држава“, вели Русинова.

Според неа, се прави уште еден обид да се префрли вината само на возачот на автобусот, без да се испита што се случило. Возачот не возел со 120 км/ч, туку возел со многу помала брзина“, вели Русинова. „Имаме системски проблем и како земја-членка на ЕУ имаме посветеност на патната инфраструктура и безбедноста на патиштата“, рече таа, додавајќи дека Бугарија не е во можност да обезбеди безбедност на патиштата.

Претседателот на бугарското гранско здружение „Безбедност на патиштата“ Николај Иванов порача дека сите мора да донесеме заклучоци како да не доаѓа до вакви инциденти. На прво место, рече тој, безбедноста на инфраструктурата мора да биде главен приоритет. Иванов истакна дека одржувањето на патиштата е главниот безбедносен фактор.

Њуз.бг опотсетува дека веднаш по трагедијата на автопатот Струма, повторно на дневен се наметна прашањето за квалитетот и одржувањето на бугарските патишта.

Градоначалникот на Перник Станислав Владимиров вчераутро изјави дека често има несреќи на таа релација …

Но, Министерството за регионален развој и јавни работи подоцна ги демантираше информациите дека токму тука се случуваат сообраќајни несреќи. Формирана е работна група за увид на локацијата и состојбата на патот.

Експертот од Институтот за безбедност на патиштата Богдан Милчев инсистираше на тоа дека ознаките на бугарските патишта не ги задоволуваат стандардите.