ДВ: Автобусот на „Беса транс“ што изгоре не бил пријавен во земјава

Автобусот на „Беса Транс“ кој утрово се запалил на автопатот Струма во Бугарија и во кој изгореа 46 патници не бил пријавен кај надлежните институции во земјата, дознава Дојче веле.



Досегашните податоци покажуваат дека опожарениот автобус воопшто не бил пријавен од страна на сопственикот и не фигурира во системот на Министерството.

Сопственикот на агенцијата не извадил извод за лиценца на тоа возило, а автобусот воопшто не е во базата на податоците на Министерството. 

Според Дојче веле, сѐ уште се проверува дали двајцата возачи кои управувале во автобусот имале сертификат и дали биле пријавени од страна на сопственикот на агенцијата.