Можеби ова е маркетинг трик, веројатно, но нивните ветувања се големи и воопшто не е невозможно да се исполнат. EasyJet објави дека за 10 години ќе имаат авион на електрично напојување. Авиокомпанијата има намера да го стори тоа со склучување на договор со американската компанија Wright Electric за да развијат батерија која е доволно силна, доволно лесна и економична за да работи на летови до два часа.






