На прес конференцијата со бугарскиот колега Стефан Јанев македонскиот премиер Зоран Заев меѓу другото оцени дека трагедијата во која загинаа 45 луѓе меѓу кои 12 деца ќе имала позитивно влијание на македонско – бугарски односи затоа што таа покажува дека двата народи се заедно и во добро и во зло.
“Бугарија и Република Македонија се и во добро, и во лошо заедно, братски народи сме и треба да си помагаме, и во добро, и во лошо. При таква трагедија позитивното е, што си помагаме”, изјавил Заев пренесуваат бугарските медиуми.
“Заедно сме и во добро и во лошо, први соседи сме, делиме радости и таги. Се надевам дека оваа трагедија позитивно ќе се одрази на односите и ќе не обедини уште повеќе“, додава премиерот на Македонија Зоран Заев на заеднички изјава со колегата Стефан Јанев по автобуската несреќа од Скопје на автопатот Струма.
Дел од видеото
Целото прашање со одговор
https://www.facebook.com/603272137/posts/10159853483512138/
Целата прес конференција на овој линк





