ДУИ не го дава Заев: Договорот бил направен со премиер, не со градоначалник на Струмица

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека тие како партија очекуваат премиерот Зоран Заев да продолжи да ја води Владата.



„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата. За тоа кој ќе биде лидер на СДСМ, тоа не не интересира, тоа е нивно внатрепартиско прашање. Но, барем уште некое време, тој треба да продолжи да ја води владата. Ние како ДУИ не сме известени за тоа кој ќе биде мандатар, слушнавме од медиумите. Но овој период само Заев е решение“, вели Османи.

Османи не кажа дали ДУИ ќе ја напушти владата ако Заев замине од премиерската позиција.