„Алсат“: Народот го делегитимира Заев

Во својата статија со наслов „Фактографска рекапитулација за владеењето на Заев“, истакнувајќи, покрај другото, дека „лидерот на социјалдемократите Зоран Заев како политички затвореник дојде на чело на СДСМ“, ТВ Алсат го изнесува и прашањето: „Што е она што доведе до ситуација народот да го делегитимира Заев?’

Во одговорот на тоа прашање ТВ Алсат го цитира и професорот по уставно право на Штуловиот универзитет во Тетово д-р Јетон Шасивари, кој набројува неколку фактори, од кои „еден е неуспехот на политичката синтагма – Едно општество за сите“: „Фактор број еден е блокирањето на европската перспектива за Македонија, при што актуелниот премиер ја плати цената за овој неуспех, поради блокадата од Бугарија. Друг фактор е моралната одговорност. Сите знаеме дека во врска со модуларната болница во Тетово, и покрај оставката на министерот и заменик-министерот за здравство, премиерот не ја испочитува уставната процедура оставките да ги испрати во Собранието.“



Медиумот во својата статија посочува и дека „во 2018 година беше потпишан Договорот од Преспа со Грција за промена на уставното име, иако првично не го помина референдумскиот филтер.“ 

Линк до целиот текст:
https://alsat.mk/mk/faktografska-rekapitulatsija-za-vladeeneto-na-zaev/