„Јас сум уверен дека Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ, ова е процес што не завршува за еден ден, туку мислам дека ќе трае еден месец и дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарно мнозинство за да продолжиме со реформи преку, првично одобрувањето на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија“, одговори на новинарско прашањеденеска првиот вицепремиер Артан Груби.



Тој рече дека во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата и отворање на преговорите со ЕУ.

„Во моментов разговараме не само со Алтернатива, туку има контакти и со други политички партии што се дел од Собранието.

Рече дека не верува и дека не очекува драматични случувања.

„Убеден сум дека и Гаши, но и другите албански политички партии, вклучително и Касами и Села, се свесни за значањето на овој момент и случувањата што се преземаат во Брисел во насока на отворањето на преговорите, и нема да направат ниеден чекор за да ја загрозат европската иднина на земјата – рече Груби.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедници денеска присуствуваше на одбележувањето на 113-годишнината од Битолскиот конгрес и 14-годишнината на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија.